Поради штрајк во прекин железничкиот сообраќај со Грција
Железничкиот сообраќај кон и од соседна Грција денеска ќе биде во прекин.
Како што соопшти МВР, прекинот е заради 24–часовниот штрајк на грчките железници.
- Денеска до Полициската станица за граничниот премин „Богородица“ од страна на ЈП „Македонски Железници“ добиено е известување дека поради денешниот 24–часовен штрајк на грчките железници ќе биде во прекид секаков вид железнички сообраќај кон и од соседна Грција, се вели во соопштението од МВР.
06.11.2013 - 13:24
Фото:
денешен.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа