Ивановски: Новиот закон за електронски комуникации ќе овозможи нови работни места и иновации

 

Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, денеска најави стимулирање на користењето побрз широкопојасен интернет, иновации, слобода на изразување, отворање нови работни места и  натамошен развој  на телекомуникацискиот пазар.

- Основата за натамошен развој во информациско комуникацискиот сектор, а  со тоа и на целокупната економија во државата  е развојот на следните генерации електронски  комуникациски мрежи и услуги, а особено на широкопојасниот интернет, рече министерот Ивановски.

Министерот за информатичко општество укажа дека дуплирањето на  брзината на широкопојасниот интернет во една земја може да придонесе за пораст на БДП  до 0,3 проценти. Со новиот закон, треба да се овозможи ефикасно користење на радиофреквенцискиот спектар и нумерацијата и да се поттикнат инвестиции во јавните електронски комуникации со воведување нови технологии и услуги.

Од своја страна, директорот на АЕК Роберт Орданоски оцени дека за  граѓаните ќе биде голема придобивка  тоа што широкопојасниот интернет ќе стане дел од универзалниот сервис: - Заложбата на ЕК и на БЕРЕК е да се  достигне дигиталната агенда 2020 со која 100 проценти од  граѓаните на ЕУ да имаат  пристап до широкопојасен интернет поголем од 30 мегабити во секунда. Тоа е и наша цел и затоа  АЕК во наредниот период ќе ги искористи сите законски ингеренции да им овозможи на операторите да ги изградат своите мрежи  на многу лесен начин, без да имаат трошоци, рече Орданоски.

Досега секој прекршок по  нашето предупредување завршуваше на суд, а сега за помали прекршоци АЕК ќе може сам да изрекува прекршочни казни, што нема да бидат процент од годишниот приход, туку ќе бидат фиксни. Тоа беше проблем што го имавме досега, а со оваа новина  верувам дека многу повеќе ќе се зголеми нивото на грижата на операторите кон корисниците затоа што АЕК е затрупан со приговори и досега се решаваа на повисоки инстанци. Сепак, за повисоките прекршоци, и натаму останува постапката за на суд и казна со процент од годишниот приход, заврши директорот на АЕК.

06.11.2013 - 12:51
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега