Државна Лотарија на Македонија - успешно деловно работење, позитивни резултати и се побогато портфолио на игри на среќа
Од април 2010 Државна лотарија на Македонија за граѓаните на Република Македонија приредува различни видови општи игри на среќа како што се добро познатите игри со извлекување добитни бројчиња и Инстант лотарија. Интересно е што покрај играта НовоЛото 7/34 која ја нуди најбогатата премија во Македонија и каде во моментов 7ката носи близу 13.000.000 денари, неодамна се пласирани и две нови игри: БИНГО БУМ – бинго игра и ТОП5 – лото игра во која ќе се игра за 5тка, а извлекувањата од обете игри ќе се емитуваат во живо на МРТ1 секој понеделник од 20,30, почнувајќи од понеделник 11.ноември. Покрај овие две нови игри во моментов се работи на поставување на играта КЕНО – популарна игра која ќе се приредува во соработка со обложувалници, а за прв пат во Македонија официјално ја носи токму Дражвна лотарија на Македонија. Се побројната играчка публика практикува да учествува и во Инстант лотарија во чие семејство до сега се актуелните лозови Среќни тркала, Смајли, Експрес лоз, Твингоманија, Детелинка и 7ма Брзина, кои нудат автомобили, скутери и парични добивки, а во тек на месец ноември се очекува ова семејство да добие уште два нови членова, лозот Среќни коцки кој ќе нуди добивка до 1.000.000 денари и лозот Подарок со кој ќе се збогати понудата за празничниот период.
Динамичниот развој на оваа се уште млада компанија се должи на стартегијата што во четвртата година од почетокот на приредувањето игри на среќа за граѓаните на Република Македонија, Државна лотарија на Македонија има намера да влезе со комплетно портфолио игри на среќа во кое ќе има богата понуда на забава и добивки за сите критериуми и за сите генерации над 18 години.
Со цел и граѓаните на Република Македонија да добијат можност за учество во интернет и електронски игри на среќа, неодамна Државна лотарија на Македонија потпиша договор за формирање заедничко трговско друштво за приредување на интерент и електронски игри на среќа, во кое Државна лотарија на Македонија ќе биде доминантен сопственик со 51% од вкупниот капитал. Договорот за заедничко вложување во трговско друштво за приредување на интернет и електронски игри, е потпишан помеѓу законските застапници на Касинос Аустрија Интернатионал Македонија и Државна лотарија на Македонија, на ден 25. 10. 2013та, во просториите на Државна лотарија на Македонија,.
Согласно договорот, зацртаната физибилити студија и динамиката на вложување во периодот од наредните три (3) години е планирано да се инвестираат повеќе од шест милиони (6.000.000.00) евра во интернет - он лајн игрите на среќа и во електронските игри на среќа. Првите игри од овој вид согласно законот за игри на среќа во Република Македонија, ќе почат да се приредуваат во првиот квартал на наредната година, со што граѓаните на Република Македонија ќе добијат широк спектар на игри во кои ќе можат да учествуваат преку интерент и на Видео лотариските терминали што ќе бидат поставени во сите населени места во Република Македонија. Атрактивноста на игрите ќе биде на ниво на светските трендови, со што Државна лотарија на Македонија ќе го заокружи циклусот на збогатување на своето портфолио.
Државна лотарија на Македонија одговорно и согласно законските прописи на Република Македонија приредува игри на среќа за граѓаните на Република Македонија со цел да прерасне во современа компанија од највисок ранг, за добро на граѓаните на Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа