Угостителски објект во тетовско работел по дозволеното време - странски државјанки ги забавувале гостите

Синоќа полицијата затворила угостителски објект во тетовското село Желино, бидејќи работел по дозволеното работно време. Приведени се сопственикот на локалот и шест странски државјанки.

„ На 01.03.2021 во 21.10 часот, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во с.Желино, тетовско, сопственост на З.С.(48) од с.Желино. Притоа, било констатирано дека објектот работи по дозволеното време и внатре биле затекнати повеќе лица – гости и странски државјанки кои ги забавувале гостите.

Објектот бил затворен, а З.С. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во полициска станица биле приведени и шест албански државјанки по член 418 од Кривичниот законик и поради злоупотреба на туристичкиот престој. По целосно документирање на случајот и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“ соопшти МВР.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега