ФОТО: Албанскиот премиер на братска вечера со Ахмети и Тачи
Премиерот на Албанија, Еди Рама, кој од вчера е во дводневна официјална посета на Македонија, ги поканил на вечера лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, пренесува весникот „Шекули".
Синоќа на социјалните мрежи албанскиот премиер вечерата ја оценил како „братска“.
За денеска е предвидено Рама да оствари средба со шефот на државата Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски и со собранискиот спикер Трајко Вељановски.
06.11.2013 - 11:12
Фото:
Шекули
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа