Канческа-Милевска во работна посета на Франција

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска од денеска престојува во работна посета на Париз.

Министерката Канческа-Милевска во седиштето на УНЕСКО ќе има свое обраќање пред учесниците на Генералната конференција, која се одржува од 5 до 20 ноември, а ќе оствари и повеќе работни средби меѓу кои со генералниот директор на оваа меѓународна организација, Ирина Бокова, и со министерката за култура на Република Франција, Орели Филипети.

 

На Генералната конференција на УНЕСКО, на која учествуваат високи претставници на повеќе од 200 држави, ќе бидат разгледувани повеќе значајни прашања, а се очекува да биде потврден и новиот мандат за Генерален директор на УНЕСКО.

 

 

06.11.2013 - 09:52
Фото: 
Региони.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега