Рекорд во Делчево: Падна најголемата премија на Лото Џокер

 

Вечерашното издание на 89 коло од НОВОЛОТО повторно ќе ги радува сите кои ќе се обидат да ја измерат среќата во нивиот избор на бројки. Фондот за 7ка продожлува да расте и  сега е фантастични 200 илјади евра. Дали некој ќе ги добие ќе откриме вечерва по 20 часот на Сител телевизија со прекрасната Марјана. 

“Државна лотарија на Македонија на 03.05.2010, во 20:00 часот на ТВ Сител гo реализираше извлекувањето на првото коло на играта на среќа НовоЛото 7/34. Од првото емитување, досега успеавме со богатите премии да ги радуваме сите наши играчи, посебно најсреќните“ - велат од ДЛМ

Минатото 88 коло пак на оваа  мошне популарна игра на среќа на Државна лотарија на Македонија, кое се емитуваше на 02 ноември се покажа како супер добитно во играта Џокер.  Имено, токму ова коло го донесе добитникот на премијата Џокер со 6 погодоци вредна  рекордни 3.003.077,00  денари.  Среќниот добитник својата уплата ја направил во продажното место Вера НБ во Делчево на 01 ноември.  Тој уплатил две комбинации на Новолото и една комбинација Ново Лото Џокер за вкупен износ од 50 денари. 

Само за постетување,  Делчево се покажа  какo место каде играчите имаат најголем потенцијал за ловење на оваа премија. Претходно, во 18 коло го имавме добитникот на поединенчната добивка  Новолото Џокер, премија која тогаш беше вредна 600.000, 00 денари.

Статистиката на Државна лотарија на Македонија,  открива дека по Скопје, град во кој најмногу се  игра НовоЛото 7/34 е Битола, а потоа следуваат Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Куманово, Струга, Кавадарци, Штип.

 

 

06.11.2013 - 09:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега