Хрватска: Уапсени 17 лица, од кои десет цариници под сомнение за корупција
Хрватската полиција уапси 17 лица, вклучувајќи десет цариници, осомничени за учество во мрежа за корупција, оштетувајќи го државниот буџет за најмалку еден милион евра, соопшти официјален извор во Загреб.
Седумнаесетте лица, уапсени во Ријека, се обвинети „за злоупотреба со власта и за давање и земање поткуп и фалсификување официјални документи во рамки на организирана криминална група“, според соопштението на Националното биро за борба против корупцијата.
Осомничените, меѓу кои има еден кинески државјанин, незаконски ги намалувале царините врз стоки внесувани од Кина и Италија и фалсификувале документи за квалитетот и цената на стоките.
Одговорни претставници на локални транспортни компании и фирми се меѓу уапсените лица.
Станува збор главно за облека, обувки и бела техника.