Лајчак: Што ќе правиме со Македонија?
Словачкот министер за надворешни работи и поранешен меѓународен пратеник за Балканот Мирослав Лајчак очекува на следниот самит на Европската унија Македонија повторно да биде блокирана од страна на Грција, поради спорот за името, и покрај по петти пат добиената препорака за отворање на преговорите.
- Европскиот совет најверојатно повторно нема да додели датум за преговори за Македонија. Унијата треба да одлучи што ќе прави со Македонија, бидејќи и по пет препораки од Европската Комисија, Европскиот Совет не може да донесе одлука за започнување на преговорите. Македонија е блокирана од 2005 година, и тоа не е добро, бидејќи ако не е преокупирана со позитивна агенда, ќе биде преокупирана со поинаква агенда. Потребна е промена на реториката, бидејќи не можете по 20 пати да повторите Комисијата да каже да, а Европскиот совет не. Тоа е многу фрустрирачки, изјави Лајчак, кој вчера зборуваше за односот на ЕУ со источните европски држави, на конференција во Атланскиот совет во Вашингтон.
Словачкиот министер потсети дека Македонија е првата земја од западниот Балкан која ги почнала интеграциите, и оти е добар пример за меѓуетничка соработка во регионот. Според него, Унијата останува заинтересирана да ги види сите земји од регионот како членки на ЕУ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа