Се укинува квизот „Кој сака да биде милионер?“
Откако од квизот „Кој сака да биде милионер“ се повлече водителот Крис Тарант, британската телевизија ИТВ одлучи да го прекине неговото емитување.
Квизот кој првично беше предвиден да трае најмногу четири години, во Велика Британија се емитуваше цели 15 години, но од некогашната гледаност од 19 милиони, квизот оваа година беше гледан само од 2,4 милиони Британци.
Едно истражување покажало дека луѓето сега не се подготвени да се појават во квизот, за да освојат само 20 илјади фунти, колку што последните години успеваа да заработат најглемиот број од учесниците.
„Кој сака да биде милионер“ е продаден во дури 120 земји, а последната е Казахстан. Во изминатите 15 години имало пет милионери, додека последниот шестиот милионер, беше елиминран. Тој беше осомничен дека со својот придружник, мамел при давањето одговори, на тој начин што со кашлање бил предупреден од придружникот за точноста на одговорот.
Благодарение на овој беше снимен и филм кој доби „Оскар.“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа