Бесими и поранешните вицепремиери за европски прашања на средба со амбасадорите од ЕУ

 

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, по повод денот на Европа - 9 Мај, денеска ќе се сретне со поранешните вицепремиери за европски прашања во Владата на Република Македонија.

По повод Денот на Европа, вицепремиерот и неговите претходници ќе се сретнат и со амбасадорите на земјите -членки на ЕУ на организиран „ЕУ појадок”, кој, како што најавуваат од Секоторот за европски прашања, се планира да стане традиција.

најчитано сега