Во септември издедено 121 одобрение за градба
Во текот на месец септември оваа година се издадени 121 одобрение за градење чија предвидена вредност на објектите е 5.059.549.000 денари.
Како што објавува Државниот завод за статистика, од вкупниот број издадени одобренија за градење 81 или 66,9 отсто се наменети за објекти од високоградба, девет или 7,5 отсто за објекти од нискоградба и 31 или 25,6 отсто за објекти за реконструкција.
Од вкупно 121 објект, на 88 или 72,7 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 33 објекти или 27,3 отсто инвеститори се деловни субјекти.
05.11.2013 - 15:18
Фото:
Денешен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа