Уапсени 8 лица за финансиски криминал тежок 3,2 милиони евра

 

Поднесени се кривични пријави против девет лица поради сомнение дека сториле злосторничко здружување, фалсификување или уништување деловни книги, како и злоупотреба на службената положба.

Организаторот на групата, Р.К. од Битола, во период  од 2010 па се до минатата година, како управител на  Римкос трејд ДООЕЛ Битола, создал криминална група која требало да испоставува фактури со невестинита содржина и да врши нелегални финасискси трансакции, за да ги покрие нелегално набавените суровини.

Во еден период, организаторот на групата ангажирал и странски државјанин за само формално да фигурира како сопственик на правен објект.

Осумте македонски државјани инволвирани во криминалната група не пријавиле и не уплатиле ДДВ во износ од 172.394.192,00 денари и персонален данок на доход во износ оф 29.238.790,00 денари односно го оштетиле буџетот на РМ во вкупен износ од 201.632.982,00 денари односно околу 3,2 милиони евра.

 

Во текот на минатата ноќ во голема акција, криминалците биле приведени, а одредена им е мерка притвор.

05.11.2013 - 14:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега