Македонец сакал да шверцува кучиња во Грција

 

Во текот на викендот и минатата недела, цариниците беа со полни раце работа. Запленети се девизи, ловечки кучиња, автоделови, електричен алат, апарати за домаќинство, мобилни телефони, плински уреди, фалсификати, облека, обувки, сок од аронија...

Во еден од случаите, пред неколку денови, цариниците фатиле Македонец кој се обидел нелегално да ја мине границата, со цел да оди во Грција за да прошверцува кучиња од расата „Балкански гонич“.

Македонскиот државјанин не поседувал никакви документи, и тврдел дека кучињата сакал да ги продаде во Грција.

Тој си заработи соодветна кривична пријава.

05.11.2013 - 09:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега