Осквернавена спомен-плоча на македонски поет во Риека

 

 

Во Риека била осквернавена спомен-плочата посветена на македонскиот поет, просветител, лингвист и дипломат Андреј Петкович.

Плочата со латиничен натпис на хрватски и кириличен на македонски јазик се наоѓа на влезот на една зграда, а е поставена минатата година во спомен на работата на Андреј Петкович. 

Полицијатa нa Приморско-горанската Жупанија интензивно го истражува случајот и трага по вандалите.

 

05.11.2013 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега