ФОТО: Човекот кој го нападна Груевски во Албанија денеска побара прошка од премиерот
Момчето кое пред една година го нападна автомобилот на премиерот Никола Груевски во Тирана, денеска покажа дека се кае за својата постапка и на средба му се извини на премиерот.
Таулант Цапа изрази жалење што при минатогодишната посета на Груевски на Албанија тој фрлаше со јајца и шишиња кон конвојот возила на македонската влада.
Ударот со шише, не бил знак на револт. Напротив, Цапа денес пред Груевски посочи дека ја почитува заедничката држава и неговата работа како премиер.
Таулант потенцира дека можноста да се сретне со премиерот за него претставува потврда за позитивните политики и определбата за заеднички соживот и меѓусебно почитување да се главните двигатели на функционирањето на државата.
Премиерот Груевски внимателно го ислуша својот гостин. Разговорот се одвиваше во пријателска атмосфера. Македонскиот премиер на крајот од средбата му посака успех и среќа во животот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа