Негативни првичните резултати од брисевите од градинката „Детска радост“

 

Сите лабораториски анализи направени на примероците земени од градинката „Детска радост“, клон Сончоглед, во скопската населба Автокоманда, се негативни.

Центарот за јавно здравје - Скопје денеска информираше дека  испитани се седум брисеви од работни површини, три испироци од раце и 70 примероци од фецес на вработени и деца. Од седум земени примероци од храна, три не одговараат поради микробиолошка неисправност.

Во тек се вонредните санитарно-хигиенски прегледи на вработените.

Инаку, кујната на градинката е затворена со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

04.11.2013 - 16:23
Фото: 
охридњуз

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега