Собранието го донесе ребалансот на Буџетот
Собранието на Република Македонија денеска го донесе ребалансот на буџетот за 2013 година.
Со ребалансот на буџетот дополнителни средства добија Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Министерството за образование и наука. Ребалансот доби поддршка од 58 пратеници.
Со ребалансот нема да има кратење на реализацијата на капиталните инвестиции која првите осум месеци е 10 проценти повеќе од минатата година и се очекува до крајот на годината да се оствари. Позначајни промени нема и другите позиции остануваат во рамки на проектираното.
Вицепремиерот Ставревски оцени дека Буџетот за 2013 година се реализираше како што е ветено. Тој истакна дека прецизно и навремено се исплаќаа обврските кон стопанството, граѓаните и кон сите оние кои треба да добијат средства од Буџетот.
Опозицијата не го поддржа предложениот ребаланс и во денешната расправа повтории дека тој е донесен на недемократски начин, дека се носи за да се зголеми задолжувањето на државата од планираните 60 милиони на 160 милиони евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа