Горан Пандев тужи туристичка агенција - ја користеле неговата кредитна картичка без негово знаење
Македонскиот фудбалер Горан Пандев понесе тужба против туристичка агенција од Италија која ја злоупотребила неговата кредитна картичка, објави „Месаџеро“, а пренесува „Derbi.mk“.
Се работи за периодот 2004-та до 2009-та година кога тој настапуваше за Лацио. Во тој период една жена од туристичката агенција имала увид во кодовите на кредитната картичка со која биле плаќани неколку авионски билети до Париз, Милано, Франфурт, Амстердам и до Глазгов, со што Пандев бил оштетен за 6.300 евра.
Како и многу други познати личности во Италија и Пандев во наведениот период ја доверил организацијата на своите патувања на агенција, која во неговиот случај се занимавала со организирање патувања и на фудбалски екипи, пишува „Derbi.mk“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа