Избришани повеќе од половина милион видеа: Ширење на лажни вести, теории на заговор и лага за вакцините

 

„YouTube“ постојано се бори со дезинформациите од почетокот на хаосот со ковид-19.

Според последниот извештај, повеќе од 500.000 видеа се избришани од мрежата на Јутјуб во кои беа изнесени невистини на таа сметка.

Во текот на последните 12 месеци, утврдени се одредени политики на YouTube и мрежата на Google, кои дозволија да се избришат толку голем број видеа. Видео клипови во кои се тврди дека короната не постои, оние што промовираат лажни лекови, но исто така и разни невистини, теории на заговор, кои во никој случај не беа докажани во пракса, и многу други невистинити видеа од коронавирус беа избришани.

Компанијата Јутјуб соработува со Светската здравствена организација за изнаоѓање соодветни, но и лажни информации на нејзината мрежа и постапува соодветно. Следната акција што ЈуТјуб ќе ја преземе е против ширење невистини и теории на заговор за вакцинација.

Секое видео, во кое се изнесени невистини и ставови спротивни на медицински и научно засновани факти, прво ќе се испита, а потоа ќе се отстрани, доколку се утврди дека ги измамува корисниците.

Се разбира, сè уште може да се најдат разни видеа на тема корона и вакцинација, но Јутјуб тврди дека станува сè подобро во нивно наоѓање и отстранување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега