БЕГ го реши проблемот со загадувањето - од денеска работи на гас

 

Балкан Енерџи Груп викендов го реши проблемот со загадувањето пуштајќи ја употреба новата опрема за гасификација на топланата Запад, во вредност од 700 000 евра. Топланата во скопската населба Тафталиџе досега работеше на мазут, а отсега ќе работи на гас, што ќе претставува голем придонес за зачувување на животната средина во градот и за заштита на здравјето на граѓаните.

 

Се работи за  измени на двата носечки котли, кои до минатата недела работеа на мазут, а отсега ќе работат на гас, со што ке се избегне понатамошното загадување ва воздухот од оваа топлана. Со новите гасни горилници од германско потекло, ќе се постигне емисиите на азотни оксиди и јаглен моноксид, гасови исклучително штетни по човековото здравје, да паднат под 100 милиграми на нормален метар кубен. Овие вредности се далеку пониски од емисиите пропишани со македонското законодавство и ги исполнуваат најстрогите стандарди на ЕУ.

 Балкан Енерџи Груп е македонска компанија  со странски капитал која инвестира во производствени енергетски капацитети и дејности и од почетокот на 2013 година доби лиценци за вршење на дејноста  производство, диструбуција и снабдување со топлина. Активностите на компанијата, придонесуваат кон развој на енергетскиот сектор во Република Македонија, внесување на нови технологии и отворање на нови работни места. Притоа, БЕГ сите свои активности ги изведува во склад со највисоките еколошки стандарди и со високо ниво на општествена и корпоративна одговорност. 

 

 

03.11.2013 - 11:41
Фото: 
точка

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега