„Ние имаме право да знаеме!" - потрошувачите ќе се едуцираат за своите права
Министерството за економија и Организацијата на потрошувачите на Република Македонија во соработка со Сити Мол организира промотивна кампања за правата на потрошувачите.
Предвидено е присуство на министерот за економија Ваљон Сарачини, претседателката на Организацијата на потрошувачите Маријана Лончар-Велкова, претставници на Државниот пазарен инспекторат и менаџментот на Сити Мол.
Целта на кампањата е да се подигне свеста кај потрошувачите за нивните права и да се едуцираат во насока на нивна заштита, а насловена е како „Ние потрошувачите имаме право да знаеме! - запознајте ги своите права“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа