Зврлевски: Казната за новинарот Кежаровски е минимална
Јавното обвинителство и понатаму размилсува за тоа дали да поднесе жалба за пресудата на новинарот на Нова Македонија, Томислав Кежаровски. За Телма, државниот јавен обвинител Марко Зврлевски смета дека судот донел минимална пресуда за новинарот.
- За да биде една казна условена треба да се применат вонредно ублажителни мерки односно олеснителни околности кои се применуваат и се позначајни од олеснителните околности кои се применти за да се донесе минимална казна. Значи, и тоа се претпоставки дека доколку постоеле тие околности можел судот да донесе и казна под две години но, само ако ги цени тие околности, рече Зврелвски, пренесе Телма.
Инаку, Кежаровски е обвинет дека го открил идентиетот на заштитениот сведок во слуачјот Ореше.
- Сведокот бил користен во оваа постапка со своја изјава и тој самиот неколку години бараше заштита бидејќи се чуствувал загрозен, а пота самиот лично барал да не го има веќе тој статус. Како тоа после толку време одлучил да не биде заштитен и дека е под притисок, не знам, но не гледам зошто да не се верува во неговиот статус, рече обвинителот.
За потсетување, Кежаровски беше осуден на казна затвор во траење од 4,6 години.