Статистика: Во октомври пониски трошоци и цени

 

Како што денеска објави Државниот завод за статистика, цените на мало во октомври годинава во однос на претходниот месец бележат намалување од 0,3 проценти, а трошоците на живот за 0,1 отсто, додека цените на мало во однос на октомври минатата година бележат пораст од 0,7 отсто, а трошоците на живот пораст од 1,3 отсто.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,1 отсто во октомври 2013 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на овошјето за 6,3 отсто, мастите за 4,6 отсто, алкохолните пијалаци за 0,8 отсто и другите прехранбени производи за 0,2 отсто и намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај нафтените деривати за 3,4 отсто, течните горива и гасот за домаќинствата за 1,1 отсто, садовите и приборот за домаќинствата и средствата за хигиена за 0,2 отсто, а од друга страна пораст на индексот на трошоците на животот во октомври 2013 година, во споредба со претходниот месец е забележан кај зеленчукот за 1,6 отсто, месото за 0,7 отсто, преработките од зеленчук и преработките од млеко за 0,4 отсто, сушеното овошје за 0,3 отсто и производите од жито за 0,2 отсто.

Пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај здравствените услуги за 1,1 отсто, облеката за 0,9 отсто, авионскиот превоз на патници за 0,8 отсто, сообраќајните средства за 0,4 отсто, материјалите за одржување на стан и лековите за 0,2 отсто.

01.11.2013 - 15:24
Фото: 
Сител