Почина театарскиот доајен Владимир Светиев
Актерот Владимир Светиев денеска почина на 69-годишна возраст, соопшти Македонскиот народен театар.
Светиев, роден во 1945 во прилепското село Светомоитрани, е еден од најекспонираните македонски актери и долгогодишен првенец на Македонскиот народен театар. Тој е меѓу 15-ина студенти на Илија Џувалековски, дипломирал во 1971 на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Загреб, каде што легендарниот професор организирал наставен модел кој им овозможил предметите Актерска игра и Сценски говор со техника на глас да ги учат на својот мајчин јазик. Сиот работен век актерот го поминал во МНТ, додека две сезони поминал во Милхајм, Германија, во Театарот на Ромите „Пралипе“. Одиграл шеесетина улоги и во историјата на македонската глума, а наградуван е безброј пати. Актерот има добиено пет награди за најдобри театарски остварувања на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1977, 1988, 1990, 1991 и 2002), на „Војдан Чернодрински“ за животно дело (2012) и на наградите „11 Октомври“ и „13 Ноември“.
Погребот ќе биде извршен во утре во 14 часот, а претходно ќе има комеморација во МНТ.