Јанкулоска: Пешаците се најнезаштитени учесници во сообраќајот во Македонија

 

Денеска министерката за внатрешни работи на Република Македонија Гордана Јанкуловска заедно со претставници од амбасадата на Словачка, Автомото сојузот на Македонија - АМСМ и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата делеше дукативни флаери за безбедноста на пешаците.

- Во Република Македонија годишно се случуваат над 4.000 сообраќајни несреќи, што значи во текот на еден ден бројката е над десет. Во нив речиси секогаш, освен што има учесници возила има и настрадани пешаци. Токму заради тоа чуствуваме дека наша обврска е да направиме се што е можно да го свртиме вниманитето на сите учесници во сообраќајот за потребата од одговорно однесување. Посебно кога станува збор за заштита на пешаците во сообраќајот, бидејќи очигледно е дека тие како категорија на учесници се најнезаштитени и најизложени на опасности во вршењето на секојдневните активности, рече Јанкулоска.

- Во однос на безбедноста на сообраќајниците несомнено локалните власти мора да се вклучат во обезбедување на соодветната сигнализација, обележување на сообраќајниците, во делот на откривање МВР ја имаме најголемата одговорност, но за жал нашата улога и задача доаѓа на крај откако ќе се случат сообраќајните несреќи, истакна Јанкулоска.

Активноста е во рамки на одбележување на Глобалната недела на ОН за безбедност на пешаците на патиштата, чија цел, според Јанкулоска, е да се подигне свеста кај сите учесници во сообраќајот за поодговорно однесување кон пешаците.

најчитано сега