Кавадарци: Се скарале поради долг па му го расекол лицето со нож

 

Во текот на вчерашниот ден поради нерасчистени долгови, се случил крвав инцидент во Кавадарци.

Имено, според податоците од полицијата, инцидентот се случил синоќа во 20 часот и 30 минути кога 34-годишниот М.Д. бил повикан од страна на 29-годишниот С.Н. и откако излегле заедно на улицата Партизанска во Кавадарци, започнале расправија поради нерасчистен долг, а во еден момент расправијата кулминирала кога С.Н. збеснал и извадил нож со кој му го расекол лицето на својот сограѓанин.

Кавадарчанецот бил веднаш пренесен во Клиника, а напаѓачот за кратко време бил приведен од страна на полицијата.

01.11.2013 - 10:06
Фото: 
Пулс24

најчитано сега