Седници на две собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за земјоделство, шумарство и водостопанство и Советот на собранискиот канал.
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го разгледува извештајот на Европската комисија за остварениот напредок на Република Македонија за 2013 година, во делот на земјоделството, додека единствена точка на дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е иницијативата за потребата за одржување на надзорна расправа на тема „Анализа за почитување на уставно загарантираното право на презумпција на невиност, наодите за злоупотреба на притворот, загрозување на слободата на изразвуање и медиумски слободи и правото на изразување јавен протест во Република Македонија.
Советот на собранискиот канал на денешната седница ќе ја разгледа состојбата со емитување на тв сигналот на собранискиот канал (проблем со емитување на преводот на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на РМ).