Одбележан Светскиот ден на Црвениот крст - доделени благодарници на 100 хумани граѓани

 

Денеска во Македонија се одбележа 50-годишинината од раѓањето на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина со што беа доделени 100 благодарници на хумани лица кои редовно донираат крв.

- Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина е врв на хуманизмот кое помогнало во спасување на многу човечки животи, со обезбедување на крв потребна за сите кои се во животно-загрозувачка состојба, но и со активностите на сите волонтери кои некогаш, дури и го ризикуваат својот живот за да помогнат на друг човек. Тоа треба да се почитува и да се цени. Денеска сакам да им се заблагодарам на крводарителите во Македонија кои дале крв повеќе од 100 пати со што претставуваат најдобар пример за тоа како треба човекот да се однесува кон друг човек кому му е потребна помош, истакна министерот за здравство Никола Тодоров доделувајќи им ги благодарниците на крводарителите.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саит Саити посочи дека оваа организација, како дел на светското движење, а во соработка со македонската Влада е активен чинител во создавањето на добрите општествени практики и подобрувањето на условите за живот.

- Денеска по повод одбележувањето на 150-годишниот јубилеј доделивме благодарници за крводарителите кои дадоа крв над стопати. За нив ние во Црвениот крст велиме дека се рекордери помеѓу хуманистите, иако за нас секој волонтер и вработен е добредојден. Сепак овие крводарители се секогаш категорија која е вредна за истакнување и почитување, рече Саити.

Директорка на Институт за трансфузиологија Емилија Велкова истакна оти значењето на крводарителите може да се види од фактот што еден крводарител не е еден пациент, бидејќи тој помага на два до три пациенти со оглед на обработката на крв.

- Доколку овие 55 илјади крвни единици ги помножите со три ќе видите на колку многу пациенти им се помогнало и колку многу човечки животи се спасени, рече Велкова.

 

најчитано сега