Жерновски: Груевски да каже кој му нудел мито пред 6 години

 

Груевски да каже кој му нудел мито од 3 милиони евра, случај кој премиерот го објави пред 6 години, побара денеска градоначлникот на Центар, Андреј Жерновски, одогвоарајќи на барањето на ВМРО-ДПМНЕ да соопшти кои се компаниите кои му нуделе мито за да го менува општинскиот урбанистички план во Центар.

„Компанијата „Делта“ бараше од Груевски да го посочи изворот и посредникот. Од тогаш поминаа 6 години, а Груевски  молчи. Кога Груевски и Јанкуловски  ќе дадат одговор, можеме да седнеме и да разговараме“, изјави Жерновски.

Ревизија  за работењето на општина Центар во претходниот мандат, ќе има и тоа  скоро. Јавноста ќе знае кој ќе ја изврши.

„Јас добив мандат од граѓаните на Центар да расчистам со урбаната мафија, и никој и ништо нема да ме поколеба во тоа“, дециден е Жерновски.

Во врска со вчерашниот напад од Јанкуловска за уривање на споменици на бранители и борци, градоначалникот на Центар одговори дека никогаш не кажал дека ќе урива. Граѓаните ќе се изјаснат дали на некои од спомениците им е тука местото.  Најсериозна опција за изјаснување е Референдум, посочи Жерновс

најчитано сега