Три години Press24

 

31 милион посети. 113 милиони прегледани страници. Скоро 5 милиони уникатни посетители. Press24 одбележува 3 години од своето основање. Малиот но амбициозен проект прерасна во едно од најчитаните интернет изданија во Македонија и еден од највлијателните информативни портали на македонскиот пазар. 

Денес според мерењето на Gemius содржините објавени на Press24 пристигнуваат до секој четврти Македонец кој користи интернет. 

Во атмосфера на силна конкуренција и пазар пренатрупан со интернет изданија месечно над 600.000 читатели околу 3 милиони пати го посетуваат Press24 од сите делови на светот. За 30дена се прегледуваат во просек по 20 милиони страници.

Редакцијата на Press24 им се заблагодарува на сите свои читатели за укажаната доверба како и на сите компании кои решија својот бизнис и своите производи да ги промовираат на нашите страници.

И во иднина остануваме посветени на мисијата, нашите читатели информациите секогаш да ги дознаваат први. Тие да бидат кратки, јасни и ослободени од секакви влијанија.

 

31.10.2013 - 22:25

најчитано сега