Коки: Не успеав да го спасам Дуле

 

Утре точно на 40 дена од смррта на Дуле, неговиот другар од дуото Дуле и Коки, виолинистот никола ќе настапи сам свирејќи на концертот на Игор Џамбазов во арената Борис Трајковски.

- Си велам, како ќе го преживеам сето тоа и како ќе помине? Да беше Дуле со мене, ќе беше многу полесно – вели Коки во ексклузивната исповед за „Вест“, во која го раскажува целиот пат на Дуле и Коки, од основното училиште до моментот кога престанаа да свират заедно, пренесува Телеграф

Кога му се јавиле Џамбазов и од „Горила продукција“ со идеја да настапи на тој концерт, Коки им рекол дека треба да размисли, бидејќи не бил сигурен дали е време и место за тоа.

- Седнав на маса со календарот и трипати броев и проверував и не можев да поверувам. На први ноември, всушност, се 40 дена од неговата смрт, и си реков: Мораш да излезеш и да го направиш тоа – раскажува Коки.

Тој вели дека болеста на Дуле, со кого тој се дружел цели 20 години, не била единствена и од поодамна знаел дека крајот полека се ближи, само што никој не можел да поверува во тоа.

- Беше многу недисциплиниран и живееше бурен и напорен живот до последен момент. Со години се обидував на разни начини да му се доближам и да разговараме за неговото здравје, но тој не сакаше да разговара. Дури тие разговори преминуваа во големи расправии – раскажува Коки.

Коки се сеќава дека Дуле бил човек што сака да успее во животот, вели, беше мангуп и луѓето го сакаа

- Кога почина Дуле, бев тргнат да си го земам автомобилот откај жена ми, бидејќи таа утрината отиде со неа, а во меѓувреме еден другар од Штип беше тргнат кон Скопје и бевме договорени кога ќе стигне, да одиме во болница кај Дуле. Тргнав пеш од дома, да се прошетам и по половина час се јави мајка му и ми кажа дека Дуле починал. Тешко е да се коментира, а уште потешко да се опише тој момент. Тргнав накај болница и му се јавив на другар ми, кој беше тргнат од Штип, велејќи му: „Задоцнивме“. Не сум свесен за многу работи, но знам дека да беше здрав и жив, ќе одевме и ќе свиревме уште сто години.

31.10.2013 - 20:42

најчитано сега