Бесими се сретна со шведскиот амбасадор Стафансон
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија, Матс Стафансон.
На средбата е потврдена поддршката од Кралството Шведска за процесот на евроинтеграција на Република Македонија.
Амбасадорот Стафансон истакнал дека во серијата состаноци кои ги реализирал во овој период со претставници на државни институции и лидери на партии, се уверил дека процесот на интеграција на Македонија претставува важен државен приоритет и оти исполнувањето на препораките од Европска Комисија е задача која треба да се исполни
31.10.2013 - 16:39
Фото:
Кајгана