Сајбер-безбедност, ризици и заштита – низа бесплатни вебинари, организирани од Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT

 

Сајбер-безбедноста е од особена важност, особено периодов кога речиси сите поединци и организации се стремат своите активности да ги спроведуваат онлајн. Во новонастанатите услови кои се резултат на пандемијата повеќето организации се преструктурирани за извршување на работните обврски и задачи од домот на нивните вработени. Следствено на тоа, се појавуваат и дополнителни ризици за изложување на доверливи податоци. Затоа е потребно да се работи на континуирано проширување на знаењето за онлајн работење и начините за заштита на сите податоци кои ги разменуваме за време на нашите работни обврски.  

Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT со поддршка на DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governance, организира низа од бесплатни вебинари, кои имаат за цел да информираат за потенцијалните ризици и да ја зголемат сајбер-безбедноста. Вебинарите ќе опфаќаат теми како „Безбедна комуникација по е-пошта“, „Безбедносни ризици за работа од дома“, „Фишинг напади и заштита“, „Добра пракса за сајбер-безбедност“, поканувајќи докажани експерти од областа, кои ќе го споделат своето знаење од областа на сајбер-безбедноста. Сите заинтересирани за учество на вебинарите можат да се регистрираат на страницата на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT. Вебинарите ќе се одвиваат во периодот по 01.12.2020, а детална агенда може да видите подолу:

Вебинар 1: Безбедна комуникација по е-пошта 

  • Генерално за безбедност на комуникација преку е-пошта

  • Како да овозможите DMARC, SPF и DKIM

  • Вообичаени грешки во конфигурацијата

  • Како најдобро да ги конфигурирате DMARC и другите механизми за одбрана во борба против фишинг

Вебинар 2: Безбедносни ризици за работа од дома 

  • Влијание врз организациите/деловните субјекти

  • Преглед на безбедносните контроли за да се овозможи пристап до корпоративните ресурси од оддалечени локации со употреба на корпоративни средства и од дома со употреба на приватни уреди

Вебинар 3: Фишинг напади и заштита 

  • Еволуција на фишинг нападите и насочување кон деловниот сектор

  • Знаци и препознавање на напади на фишинг

  • Безбедносни контроли и најдобри практики за заштита

  • Алатки за пријавување на сомнителна е-пошта

Вебинар 4: Добра пракса за сајбер-безбедност

  • Сајбер хигиена

  • Споделување лични и чувствителни податоци

  • Претставување на интерактивни тренинзи 

 

Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT ги поканува сите заинтересини за гореневедените теми, поврзани со сајбер-безбедноста и нејзиното управување, да ја посетуваат страницата https://mkd-cirt.mk за повеќе информации.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега