Котески во посета на литванските воени сили

 

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денеска ја продолжува официјалната посета на Вооружените сили на Република Литванија.

Котески вчера оствари средба со неговиот колега, началникот на ГШ на ВС на Република Литванија генерал-потполковник Арвидас Поциус и литванскиот министер за одбрана Јоузас Олекас. На средбите било нагласено дека Литванија дава целосна поддршка на полноправното членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ. 

- Покрај јакнењето на билатералната соработка помеѓу армиите, на средбите во Вилнус се разговараше и за соработка во доменот на заштитата на воздушниот простор по примерот на Балтичките земји, како и развојот на концептот за резервни сили, при што од страна на домаќините е покажан интерес за организирање за заедничка обука и користење на капацитетите за обука, се вели во денешното соопштение од ГШ на АРМ.

 

31.10.2013 - 13:52
Фото: 
Сител

најчитано сега