27% од косоварите ја поддржуваат владата
Во анкетата на Програмата на ОН за развој на Косово, Проектен тим Плус на јавноста е утврдено дека само 27% од граѓаните и даваат поддршка на актуелната косовска влада.
Плус на јавноста покажува дека само 30 отсто граѓани се задоволни од работата на премиерот, а видлив е голем пад во задоволството од работата на судовите и обвинителството кои имаат доверба од 16,7 и 17,7 отсто граѓани.
Рекордни 74,2 отсто испитаници на Косово се незадоволни од економскиот развој додека 66 отсто се незадоволни од политичкиот правец во кој се движи Косово.
Висок размер на корупција според анкетираните има во Царината на Косово додека перцепцијата за корупција во косовските општини е зголемена на 39 отсто (во однос на април 2012 година – 30 отсто). Невработеноста е понатаму е најголем приоритет тврдат 55 отсто анкетирани. Целокупниот индекс на демократизација на Косово е најнизок досега – само 0,87.