Академиците во Ману ќе зборуваат за „Букурешкиот мировен договор, Македонија и Балканот“

 

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе се одржи меѓународен собир на тема „Букурешкиот мировен договор, Македонија и Балканот“, по повод 100 годишнината од потпишувањето на Букурешкиот мировен договор.

На научниот собир ќе биде промовиран зборникот на трудови од научниот собир „Сто години од Балканските војни“ што се одржа во декември 2013 година во МАНУ.

Претседателот на МАНУ академик Владо Камбовски ќе говори на тема „Букурешкиот договор од 1013 година, стабилноста и перспективите на Република Македонија и на Балканот“.

За Македонија во Балканските војни и последиците од букурешкиот мир ќе зборува Блаже Ристовски, додека Александар Трајановски ќе има обраќање на тема „Актуелизацијата на македонското прашање 1912-1915“.

„Меѓусојузничката војна летото 1913 година и Букурешкиот мировен договор во оценките на рускиот печат“ е темата на Борис Котов од Москва, а „Перцепцијата на соседите во албанската национална доктрина“ е темата на која меѓу другите ќе говори и Дритан Егро од Тирана.

31.10.2013 - 09:38

најчитано сега