Панчев проговори: Се надевам дека веќе нема да се видиме со Дончевски

 

-Би бил неискрен кога би кажал дека изјавите на Дончевски не ме изненадија и ме оставија рамнодушен. Уште повеќе ако се знае дека на два дена пред натпреварот тој беше кај мене на кафе и ние разговаравме за натпреварот. Ќе ми беше поприфатливо ако тогаш, мене лично ми го соопштеше неговото толку лошо мислење за мене. Сеедно, јас му го кажав мојот став дека начинот на кој што се организира натпреварот е најблаго речено потценувачки. За мене натпреварот во Словенија е дел од нашата историја, не само фудбалска. Затоа организаторот требаше да се потруди да ја покани словенечката селекција од 1993 година, да обезбеди промотивна и позитивна кампања и натпреварот во погоден термин и ден да биде одигран, како што доликува, на преубавиот градски стадион. По дебаклот на последните квалификации, на тој начин и со таква прослава ќе се помогнеше да се вратат убавите спомени и достоинството и навивачите повторно да се соберат во поголем број на трибините на ГРАДСКИ. Ова мое мислење му го соопштив на Дончевски и воопшто не му дадов ветување дека ќе дојдам на лошо замислениот ревијален натпревар. На овој наш разговор присуствуваше мојот брат и неколку наши заеднички пријатели. Од тогаш не сме се виделе и се надевам дека така и ќе остане. На Андон Дончевски, мојот тренер од времето кога настапував за ФК Вардар и бев првиот капитен на првата македонска фудбалска репрезентација сепак му посакувам добро здравје и долг живот, вели Панчев. 

Целото интервју со македонската фудбалска легенда прочитајте го на Екипа

Реакцијата на Панчев следи по емотивниот настап на Дончевски кој реагираше откако првиот капитен на македонската реперзентација не се појави на ревијалниот меч

30.10.2013 - 22:07

најчитано сега