Јанакиески:Времето за превоз со воз долж Коридор 10 намалено за еден час

 

Со завршениот ремонт на делниците Куманово-Табановце  и Миравци - Смоквица и отстранувањето на црните точки за еден час е намалено времето за превоз со воз на стока долж коридорот 10.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со директорот на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани денеска извршија увид на преземените активности на пругата Куманово-Табановце, што е обновена по 43 години. 

-  Од влезот на Македонија до излезот кон Грција,  каде претходно просечното времетраење на движење на стоките  беше четири часа и 15 минути, со реконструкција само на двете делници кои веќе се завршени, во должина од скоро 27 километри, времето на движење на возовите за превозот на  стока се скратува за час, изјави Јанакиески.

Движењето во просек ќе биде 3 часа и 15 минути. Претходната просечна  брзина, посочи министерот, беше од 40 до 50 километри на час, а сега  ќе изнесува од 100 до 120 километри на час . - Оваа година започнуваме со рехабилитација на последната делница Неготино-Ногаевци и со рехабилитација на таа делница што треба да заврши кон крајот на наредната година ќе се намалат дополнително 30 минути.Оваа инвестиција ја реализираме заедно со Јавното претпријатие МЖ Инфраструктура и  е само еден мал сегмент од инвестицииите во железниците што се рализираат и што се најавени во наредниот период, рече Јанакиески.

Директорт на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани потести дека на делницата Табановце-Куманово  не е извршена реконструкција во последните 43 години. - Елиминирани се 28 црни точки од Коридорот 10 и значајно е што се скратува времетраењето на брзината на движењето на возовите, рече Асани.

Инаку, за рехабилитација на делницата, во должина од 12,5 километри, се потрошени 3,5 милиони евра. 

30.10.2013 - 15:24

најчитано сега