Јанкулоска: Жерновски да ги пријави во полиција тие што му нуделе мито
Министерството за внатрешни работи го повикува градоначлникот на Центар да пријави кои се лицата и фирмите кои му нуделе мито за да го менува општинскиот урбанистички план. Министерката Гордана Јанкулоска денеска на новинарско прашање рече дека Жерновски се уште не пријавил евентуална корупција.
„Јас во оваа прилика сакам да го повикам градоначлникот на Центар, Андреј Жерновски, доколку имало коруптивни понуди да ги пријави во полиција за да можеме ние професионално да реагираме и во најбрз можен рок да го расчистиме слуќајот. Но доколку се работи за политикантство и обид да си обезбеди симпатии во јавноста сакам да му порачам дека борбата со криминалот е сериозна работа“ рече Јанкулоска.
Жерновски минтиот викенд објави дека до него пристигале коруптивни понуди, но до денеска се уште не кажал кои се луѓето кои од него барале да го прекрши законот.