Истовремено го пронашол вистинскиот донатор на бубрег и љубовта на неговиот живот
Дваесет и двегодишниот Кајл Фројлих долг период водел битка во која барал донатор кој би му го спасил животот. На крајот во последната година од неговиот живот тој не само што го пронашол вистинскиот донатор, туку и вистинската љубов на неговиот живот. Имено Челси Клер (19) чиј татко починал поради неможноста да добие соодветна коскена срж, му го подарила својот бубрег на Кајл и на тој начин му го спасила животот. Во периодот додека закрепнувале и двајцата тие се вљубиле еден во друг. Сега бубрегот на Челси совршено функционира во телото на Кајл.
30.10.2013 - 12:09