Владата вработува за плата од 3.000 евра- еве каде да аплицирате

Државата вработува за плата од 3000 евра, објави Економски.мк.

Агенцијата за стански инвестиции бара економски промотори на определено време за следните локации:

Њујорк, Чикаго, Мајами, по еден промотор за секоја земја

Малезија, Индонезија, Сингапур, еден промотор за сите три земји

Норвешка , еден промотор

Франција, еден промотор

Русија, еден промотор

Кина, еден промотор

Јапонија , еден промотор

Платите се движат од 2.100 за Русија до 3.100 евра за Јапонија. Работното време е 40 часа неделно од 8:30 до 18:30.

Условите што треба да ги исполнуваат кандидатите се висока стручна спрема, работно искуство намјалку 2 години, меѓународно признат сертификат за познавање англиски јазик, возачка дозвола Б категорија, способност за комункација, тимска работа и презентациски вештини.

Избраните кандидати ќе бидат обучени, а за време на обуките ке добиваат плата од 24.000 денари

Рокот за пријавување е 12 ноември 2013.

Од владата за Економски велат дека целта на огласот е да се допре до најдобрите кандидати кои ќе ја промовираат земјата и ќе донесат нови странски инвестиции.

29.10.2013 - 14:13
Фото: 
vlada.gov.mk

најчитано сега