Собранискиот спикер Вељаноски во посета на Чешка

 

Собранискиот спикер Трајко Вељаноски во придружба на потпретседателот на Собранието, Сузана Салиу и пратениците Рејхан Дурмиши и Ромео Тренов, денеска ќе престојува во официјална посета на Прага.

Посетата е на покана од претседателот на Сенатот на Парламентот на Чешката Република, Милан Штех со кој денеска претседателот на македонското собрание ќе оствари средба. Исто така, Вељановски ќе се сретне и со потпретседателот на Сенатот  Премисл Соботка, со премиерот Јиржи Руснок и со министерот за надворешни работи Јан Кохоут.

Вељаноски во Прага ќе има средба и со претставници на македонската зедница во Чешката Република. 

29.10.2013 - 08:11

најчитано сега