Груевски јаде само здрава храна

 

Премиерот Никола Груевски е познат по тоа што сака да јаде здрава храна и се грижи за здрава исхрана. Пие само негазирана вода, а за време на ручек или вечера сака да се напие чаша црвено вино. Претседателот Ѓорѓе Иванов сака да јаде риба, сите видови, не сака тешки и мрсни јадења како што е печеното свинско месо. Денот му започнува со зелен чај, а од вина сака Вранец за црвено и Темјаника за бело, пишува Вечер

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, пак, обожава да јаде сарма, гравче и компир-манџа. Од тестенини сака питулици, традиционално јадење кое се подготвува во крајот од каде што потекнува - охридскиот.

 

 

28.10.2013 - 23:17

најчитано сега