Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ доби ќерка
Заменик-министерот за одбрана и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, по втор пат стана татко. Неговата сопруга Сашка вчера роди здраво женско бебе. Радосниот татко новоста ја објави на својот Фејсбук профил.
"Денес ми е посебен ден. Јас и сопругата Сашка добивме ќеркичка, синот Петар доби сестричка. На сите, Бог да им даде што посакуваат."
28.10.2013 - 13:53