Роналдо се соочува со казна поради навреда на судијата?

 

Играчот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо поради навредите упатени кон главниот судија на дербито со Барселона на Камп Ноу би можел да се соочи со суспензија од неиграње на неколку натпревари. Шпанскиот печат пишува дека постапката на Португалецот ќе ја разгледа Дисциплинска комисија на лигата и ќе утврди дали и колкава ќе биде казната за фудбалерот. Мечот заврши со резултат 2:1 во корист на „каталонците“, а Кристијано Роналдо протестираше кај главниот арбитар Маленка поради недосудениот пенал во дуелот со Маскерано. 

 

 

28.10.2013 - 13:04

најчитано сега