Белград и Приштина ги продолжуваат преговорите за спогодба на бриселскиот договор

 

Денеска двата преговарачки тимови на Белград и Приштина ќе ги продолжат разговорите за примена на Бриселската спогодба. Вчерашната средба не даде резултати, изјави шефот на белградскиот тим Марко Ѓуриќ. 

- Сега е важно Приштина да го покаже оној вид на разумност и конструктивност, која е неопходна спогодбата да заживее, а ние од претставниците на Европската комисија, со кои разговаравме не слушнавме нити една сериозна забелешка на големиот број аргументи, кои ги изнесе нашата страна, изјави синоќа Ѓуриќ, кој е советник на претседателот на Србија, Томислав Николиќ, по повеќе од четири часа дијалог во зградата на Европската служба за надворешни работи во Брисел. 

Вчера немало директна средба меѓу двата тима, туку како посредник со нив разговарал Фернандо Џентилини, директор за проширување во ЕК.  

Белградскиот тим, како и минатиот пат го предводи Ѓуриќ, а приштинскиот заменик-премиерот Хајредин Кучи.

најчитано сега