Секој трет кој направил тест не е татко на своето дете
Секој трет маж во Србија кој направил ДНК тестирање, не бил биолошки татко на своето дете, објавува Блиц. Во Македонија не е позната точната стстистика колкумина биле шокирани од ваква лоша вест, но и кај нас е се поголем бројот на лица кои бараат проверка на татковството во Институтот за судска медицина и во истражувачкиот центар за генетичко инженерство и биотехнологија „Георги Д. Ефремов“ при Македонската академија на науките и уметностите.
Во еден ден десетици Македонци бараат тестирање но бројот на реализирани тестови драстичнос е намалува кога ќе им биде соопштено дека за да тестот биде направен потребно е присуството и на детето и на мајката. Најголем дел од оние кои се јавуваат да закажат инсистираат тоа да го направат без да знае мајката.
Во Србија најчеста причина поради која мажите бараат ДНК тест е сомнежот за неверство од страна на нивните сопруги.
„Мажите повеќе бараат утврдување на татковство додека жените најчесто на суд ги бараат правата над своето дете. Мажите најмногу се сомневаат во неверство а за волја на вистината зоколу 30 проценти од нив се покажува дека биле во право“, вели за Блиц др. Оливер Стојковиќ кој раководи со ДНК лабораторијата во Белград. Тој раскажува дека еден татко тестирал дури 6 деца но имал и случај во кој мајката донела четири различни мажи додека да открие кој е вистинскиот татко.