Северина: Концертот во Скопје ми беше гаф
Популарната хрватска пејачка Северина на својот Фејсбук профил и на социјалната мрежа Јутјуб откри многу пикантерии околу нејзината последна турнеја во која го посети и Скопје.
Популарната Севе на прашање од обожавател кој и бил најголемиот гаф за време на турнејата, рече дека како ретко кога била среќна на концертот во Скопје.
- Во Скоје целиот концерт беше гаф. Ја поздравував Словенија од Македонија, отапев од среќа на сопствениот концерт. Има такви ситуации и покрај тоа што се ретки, одговорила Северина.
Атрактивната пејачка не крие дека била воодушевена од скопската публика која ја изненадила со тоа што ги пеела нејзините песни.
- Во Риека го пробивме мразот а во Белград имаше интимна атмосфера. ВО Скопје цела публика ја пееше „Остављена“, не го очекував тоа, открива Севе.