Исповед на порно ѕвезда: Анален секс трпев само со аналгетици

 

Поранешната порно ѕвезда Ванеса Белмонд, која глумела под името Алекса Круз си ја отвори душата и го сподели со јавноста своето искуство во порно индустријата.

Пред неколку месеци Ванеса престана да глуми во филмовите за возрасни од кои има ужасно искуство. Со 18 години станала стриптизета, а година дена подоцна почнала да снима порно филмови. Почнала со софт порно, но набрзо преминала на вистинската продукција.
 
-Уште за време на снимањето на првата сцена добив кламидија. Имав еден куп бактериски инфекции. Мислев дека такво нешто не може да се случи затоа што сите не тестираа. Но, тестирањата се вршеа еднаш месечно, па тоа не е доволно заштита и ништо не гарантира дека нема да се заразиш - вели Ванеса.
 
Во модерната порно индустрија девојките треба да се охрабрат за да снимаат анален секс. За охрабрување се користи и поголемата плата која ќе ја добијат. Ванеса е една од актерките кои прифатила:
 
-Од првиот пат кога снимав сцени со анален секс, па се до крајот, користев таблети против болки. Така е многу полесно, затоа што тогаш можете да се смеете и се да изгледа како да уживате.
 
На прашањето колку психички и физички и било тешко да снима сцени со групен секс, Ванеса вели:
 
-Во тие сцени физички тешко ми е оралниот секс. Ми се случуваше и да заплачам. Психички е тешко затоа што правите нешто што и не е баш природно. Дозволувате четири, пет, понекогаш и осум мажи истовремено да имаат секс со вас, а тоа не е природно.
 
По седум години, Ванеса одлучи да ја напушти порно индустријата, но искуството не може да се избрише.
 
-Никој не сака да се забавува со порно ѕвезда. Кој би сакал да има деца со порно актерка? Дури и кога ќе имам 60 години, моите порно снимки ќе постојат. Тоа е како да сте заразени со неизлечив вирус - заклучува Ванеса.
26.10.2013 - 21:42

најчитано сега